Санто лут на УЕФА: Луѓето умираат, а ние играме фудбал..апсурдно! (ВИДЕО)

принтскрин/твитер

Менаџерот на англискиот клуб беше многу незадоволен што е донесена одлука воопшто да се игра овој мечот во Лига Европа против Олимпијакос.

Од претходно беше најавено првиот натпревар од осминафиналето во Лига Европа помеѓу екипите на Олимпијакос и Вулверхемптон поради епидемијата на коронавирусот да се игра пред празни трибини на стадионот „Георгиос Караискакис“ во Пиреја, Грција.

Менаџерот на англискиот клуб, Нуњо Еспирито Санто беше многу незадоволен што е донесена одлука воопшто да се игра овој меч.

Португалскиот стратег непосредно пред дуелот ја изрази лутината кон Европската фудбалска куќа (УЕФА), а притоа и првиот човек на Олимпијакос, Евангелос Маринакис е заразен од коронавирусот.

– Сфаќате ли што се случува ширум светот? Луѓето умираат, а ние треба сега да играме фудбал? Апсурдно! – беа зборовите на Санто.

Идната недела ќе биде клучна кога УЕФА ќе одржи состанок со сите земји членки на кој ќе биде позната иднината на сите домашни и меѓународни натпреварувања.

„Марка“ ексклузивно објави дека Лигата на шампионите и Лигата на Европа ќе бидат суспендирани.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот