Сантиметри го делеа Елмас од првенец за Наполи! (ВИДЕО)

Вечерва во рамките од 12. коло во Серија А без голови заврши натпреварот помеѓу екипите на Наполи и Џенова на стадионот „Сан Паоло“.

За гостите стартер беше македонскиот репрезентативец Горан Пандев кој настапи до 80. минута кога на негово место влезе Клеонисe.

https://twitter.com/Alvarotuncay/status/1193280577857884160

Кај домаќините Елиф Елмас играше од 66. минута како замена за Инсиње, имаше прекрасна можност да го постигне првиот гол за Наполи, но голманот Раду имаше една неверојатна одбрана, а потоа и видео технологијата колку само малку недостасуваше нашиот играч да постигне погодок.

Фудбалерите на Анчелоти веќе четири мечеви во низа во италијанскиот шампионат не знаат за победа, моментно се дури на седмото место со 19 бодови, а Џенова на 17 место со девет.

Серија А, 12. коло

Сабота, резултати –

Бреша-Торино 0:4
Интер-Верона 2:1
Наполи-Џенова 0:0

Табела:

1.Интер 31 бод
2.Јувентус 29
3.Рома 22
4.Лацио 21
5.Аталанта 21
6.Каљари 21

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот