Санкционирани 106 возачи поради пребрзо возење во Тетово и Гостивар

Фото: Архива на „Слободен печат“

Во рамки на засилена акциска контрола од 14 до 20 часот на подрачјето на СВР Тетово, санкционирани се 106 возачи управување возило со брзина поголема од пропишаната. Од вкупниот број 77 се на територија на Тетово, а 29 на територија на Гостивар.

-Од санкционираните 106 возачи, 81 возачи возеле со брзина од над 50 километри на час над дозволената, а 14 за дури над 70 километри на час над дозволената. СВР Тетово апелира до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и поединечно и заеднички да придонесат за поголема сообраќајна безбедност на подрачјето, информира Марјан Јосифоски, портпарол на СВР Тетово.

Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот