ФОТО | Санкционирани 70 возачи за возење под дејство на алкохол

Сообраќаен прекршок / Фото: Министерство за внатрешни работи

Министерството за внатрешни работи, вчеравечер спроведе зајакната акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваат возила под дејство на алкохол на територија на Република Северна Македонија. Во период од 23.00 до 4.00 санкционирани се 70 возачи.

– Од нив, 12 се на територија на СВР Скопје, по 11 на територијата на СВР Тетово, СВР Охрид и СВР Штип, девет на територија на СВР Велес.

МВР информира дека засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови и апелираат на почитување на сообраќајните правила и прописи со цел побезбеден сообраќај.

Фото: МВР

Извор: МИА

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот