Санкционирани 65 возачи поради непрописно престигнување

Сообраќаен прекршок / Фото: Министерство за внатрешни работи

Министерството за внатрешни работи соопшти дека денеска во периодот од 7 до 10 часот спровело зајакната акциска контрола за санкционирање возила кои непрописно престигнуваат на територијата на Република Северна Македонија, при што санкционирани се 65 возачи.

Од нив, како што се посочува, 22 непрописно престигнувале на територијата на СВР Тетово, 11 на територија на СВР Охрид, а 10 на територијата на СВР Струмица…

Од МВР информираат дека засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови и апелираат сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да се придонесе за побезбедни патишта.

Извор: МИА

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот