Санкционирани 648 возачи за брзо возење на територија на цела држава

Контрола на брзината на возење. / Фото; МВР

Во акциска контрола на полицијата спроведена во текот на вчерашниот ден санкционирани се вкупно 648 возачи на територија на цела држава за брзо возење.

–  Од нив, 41 возило се движело со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а пет возила се движеле со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина. Притоа, 276 возачи ја пречекориле брзината во населено место, а 372 надвор од населено мест, соопшти Министерството за внатрешни работи.

Четириесет и седум возачи во Скопје возеле побрзо од дозволеното, а седум под дејство на алкохол.

Министерството за внатрешни работи денеска соопшти дека акциската контрола е спроведена во текот на вчерашниот ден при што се изречени вкупно 105 мерки. Меѓу нив, и три за возење без возачка дозвола и 29 за непрописно паркирање.

– Засилените акциски сообраќајни контроли продолжуваат. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта, велат од МВР.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот