Санкционирани 256 возачи во Скопје, 40 за брзо возење

Сообраќаен прекршок / Фото: Министерство за внатрешни работи

Министерството за внатрешни работи вчера на територијата на град Скопје изрече вкупно 256 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 40 санкции, 29 мерки за возење без возачка дозвола и осум санкции за технички неисправни и нерегистрирани возила.

– Изречени се 23 мерки за возење под дејство на алкохол, 19 санкции за користење мобилен телефон, четири мерки за минување на затворен сигнал (црвено светло), седум санкции за некористење сигурносен појас, четири мерки за возач почетник, 68 за непрописно паркирање, соопшти МВР.

Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови, велат од МВР и апелираат до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да се зголеми безбедноста во сообраќајот.

Извор: МИА

Видео на денот