Санкционирани 158 возачи во Скопје, 73 поради брзо возење

Полиција / Фото: Архива на Слободен печат

Во рамки на засилените акциски контроли Министерството за внатрешни работи во областа на сообраќајот, во текот на вчерашниот ден на територијата на град Скопје изреченини се вкупно 158 мерки, меѓу кои за возење над дозволената брзина 73 санкции, 22 за возење под дејство на алкохол, 18 за прекршоци што ги чинат возачите на мотоцикли.

Изречени се и 11 мерки за возење без возачка дозвола, девет за возач почетник.

„Засилените акциски сообраќајни контроли продолжуваат. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта“ повикуваат од МВР.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот