Санкционирани 154 возачи во Скопје

Сообраќајна Полиција врши контрола на возила / ''Слободен печат'' - Драган Митрески

Министерството за внатрешни работи соопшти дека во текот на вчерашниот ден продолжиле со контролите во областа на сообраќајот.

На територија на град Скопје изречени се вкупно 154 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 48 санкции, 13 мерки за возење без возачка дозвола, 18 санкции за возење под дејство на алкохол.

Изречени се четири мерки за користење мобилен телефон при возење, пет санкции за нерегистрирани возила…

Сообраќајните контроли продолжуваат. Апелираме до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта, велат од МВР.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот