Санкционирани 138 возачи во Скопје

Полиција / Фото: Архива на Слободен печат
Министерството за внатрешни работи соопшти дека во текот на вчерашниот ден продолжиле со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот.
На територијата на град Скопје се изречени вкупно 138 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 36, 9 санкции за возење без возачка дозвола, шест за нерегистрирано возило, две за минување на затворен семафор (црвено светло).
Изречени се и шест мерки за користење мобилен телефон, 10 за управување под дејство на алкохол, 46 мерки за непрописно паркирање.
Засилените акциски сообраќајни контроли продолжуваат. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот на патиштата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот