Санирани над 300 заштитни столбови на градските сообраќајници во изминатиот месец

ЈП „Улици и патишта“

ЈП „Улици и патишта“ во изминатиов месец работат на санација на оштетените заштитни столбови на градските улици и булевари и со последниот месечен извештај на одговорните лица утврдено е дека бројката изнесува околу 300 оштетени заштитни столобови.

– Како дел од тековните активности на претпријатието е и одржување на сообраќајната опрема која е оштетена некогаш од дотраеност и најчесто од несовесни граѓани. ЈП „Улици и патишта“, апелира за поголема внимателност во сообраќајот и почитување на сообраќајната опрема и сигнализација со цел зачувување на безбедноста во сообраќајот – стои во соопштението од ова јавно претпријатие.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот