Санирана и реновирана полициската станица во Валандово

Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски денеска ја посети обновената зграда на полициската станица во Валандово која по неколкумесечни градежно-санациски работи е реновирана и прилагодена за нормално функционирање на полициската служба.

-Министерството за внатрешни работи од сопствени 3,1 милион денари го финансираше санирањето и реновирањето на овој објект како што тоа континуирано го прави изминативе две години реконструирајќи и санирајќи полициски објекти низ државата- рече Спасовски.

Тој посочи дека сето тоа се прави со единствена цел за воспоставување квалитетни материјално-технички стандарди за работа на организациските единици при МВР, односно на сите полициски службеници.

-Наша базична интенција беше и останува фактот дека паралелно со реформските процеси на безбедносниот сегмент,ние мораме да ги унапредиме условите за работа на полициските службеници со што се унапредува ефикасноста и квалитетот на полициското работење- нагласи министерот.

Во рамки на посетата на Валандово, Спасовски оствари средба и со градоначалникот Перо Костадинов на која беше потенцирана одличната соработка меѓу полицијата и локалната самоуправа,а е разговараше и за проекти кои треба да се реализираат во иднина,во интерес на граѓаните.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот