Саниран дефектот, скопјани вечерва ќе добијат вода (ВИДЕО)

Штотуку заврши санацијата на големиот дефект што ги остави жителите на Скопје без вода.

Од ЈП “Водовод и канализација” велат дека наскоро корисниците кои живеат во ниска зона ќе добијат вода, а оние од повисоките катови ќе почекаат да се наполнат резервоарите и најдоцна до 2 часот по полноќ сите корисници ќе имаат вода.

Работниците на ЈП „Водовод“ после целодневната работа на терен беа задоволни бидејќи првичната пресметка била дека санацијата на дефектот ќе трае до утре до 7 часот наутро.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот