Санела Шкријељ: Заложбите против родово базираното насилство преточени во закон станаа реалност

Во 2019 година воспоставивме 12 специјализирани сервиси за жени жртви на насилство, а во буџетот за 2020 обезбедивме средства за 10 нови сервиси, напиша на Фејсбук, заменик-министерката за труд и социјална работа, Санела Шкријељ.

Борбата што ја водевме долги години како активистки и нашите заложби против сите видови и форми на родово базирано насилство преточени во закон станаа реалност, напиша на Фејсбук Санела Шкријељ, заменик-министерката во Министерството за труд и социјална политика.

-Владата на последната седница го усвои законот за спречување и заштита на насилство врз жените и семејното насилство. Во 2019 година воспоставивме 12 специјализирани сервиси за жени жртви на насилство, а во буџетот за 2020 обезбедивме средства за 10 нови сервиси. На следниот ЛИНК се контактите од воспоставените сервиси- напиша Шкријељ.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот