Сане ќе биде најплатениот играч во историјата на Бундеслигата!?

EPA-EFE/PETER POWELL

Веќе повеќе пати слушаме од менаџерот на Сити, Пеп Гвардиола дека нема намера да се ослободи обврските на својот фудбалер Лерој Сане.

Но, и додава дека не сака да задржува фудбалер кој не е среќен и кој сака да си оди. Според германските и англиските медиуми, желба летово на Сане е Баерн Минхен.

Според „Скај спорт“ кој може да се смета за еден респектабилен извор, тврди дека договорот е практично постигнат и се очекува Сане да пристигне во Минхен најдоцна до четврток кога би требало да ги има лекарските прегледи и потпише договор на пет години со баварскиот гигант.

Истиот извор воедно пренесува и дека прифатил плата од 18 милиони евра, и доколку биде точна оваа информација, тогаш би бил апсолутно најплатениот играч во историјата на германскиот фудбал, пред Роберт Левандовски со 16.000.000.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот