Санду: Историски ден за Молдавија

Претседателката на Молдавија Маја Санду / 18 мај 2022 / Фото: EPA-EFE/OLIVIER HOSLET

Претседателката на Молдавија Маја Санду вечерва изјави дека потегот на Европската унија да ѝ додели кандидатски статус на нејзината земја е историски ден.

Таа додаде дека Молдавија е пред тежок пат, за кој ќе треба многу работа и труд.

„Сепак, ние сме подготвени да го направиме тоа заедно за да обезбедиме подобра иднина за (молдавските) граѓани“, рече Санду.

Во објава на Фејсбук таа изјави дека членството во ЕУ ќе донесе повеќе просперитет, повеќе можности и повеќе ред во таа мала земја, која се наоѓа меѓу Украина и Романија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот