Сандерс победи на изборите за претседателски кандидат во Невада

Фото: EPA-EFE/CRISTOBAL HERRERA

Со оваа победа тој ја потврди улогата на фаворит во трката за номинација претседателски кандидат кој на изборите в ноември ќе му се спротивстави на актуелниот претседател Доналд Трамп.

Во Невада вчера се гласаше на партиски собранија (какуси) за избор на претседателски кандидат на Демократската партија и според повеќе од 20 отсто од преброените гласови победник е сенаторот од Вермоент, Берни Сандерс со освоени 46 отсто од гласовите.

Со оваа победа тој ја потврди улогата на фаворит во трката за номинација за демократски претседателски кандидат кој на изборите в ноември ќе му се спротивстави на актуелниот претседател Доналд Трамп.

На второ место е е поранешниот потпретседател Џо Бајден со 24 отсто освоени гласови, додека на трето е поранешниот градоначалник на Саут Бенд, Пит Бутиџиќ, со 14 отсто од освоените гласови.

Овие избори се трети по ред, по какусите во Ајова и прајмерис во Њу Хемпшир.

За разлика од овие две сојузни држави, каде претежни живее бело население, во Невада околу 50 отсто од населението е бело, а другата половина се афроамериканци, латиноамериканци и население со азиско потекло.

Сандерс, прокламиран демократски социјалист, апелира токму кон овие малцински групи, и претежно кон новите генерации Американци.

– Во Невада собравме коалиција од повеќе генерации и раси која не само што ќе победи овде туку ќе ја преплави и земјата, порача синоќа Сандерс на митинг во Сан Антонио, Тексас.

Според најновата анкета на „Волстри журнал” и „Ен-би-си њус”, Сандерс е лидер и на национално ниво, а уште четири кандидати се борат за второто место. За Џо Бајден, Мајкл Блумберг (тој не учествува на какусите во Невада) и за Елизбет Ворен спремни се да гласаат по околу 14 отсто од демократите во Небада, 13 отсто од гласачите претпочитаат да гласаат за Пит Бутиџич, додека 7 отсто, се за Ејми Клобучар.

Следната станица на демократските избори е Јужна Каролина, каде в сабота ќе се гласа за избор на претседателски кандидат.

Потоа на 3 март ќе се гласа во вкупно 14 сојузни држави како Калифорнија, Тексас или Колорадо, и многумина од кандидатите кои се борат со Сандерс, како њујоршкиот милијардер Мајкл Блумберг, сенаторката од Масачусетс, Елизабет Ворен и Бајден, се надеваат на пресврт за време на таканаречениот „супер вторник”. Тогаш се добива најголем број на делегати за партиската конвенција во јули кога се номинира претседатескит кандидат.

Сандрес засега има освоени најмногу делегати, вкупно 34, Бутиџич има 23, додека Ворен е со осум освоени делегати. Сенаторката Ејму Клобучар има седум а Бајден има вкупно шест. За добивање на номинацијата потребни се 1,991 делегат.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот