Санчо конечно проговори за нереализираниот трансфер во Јунајтед

Фото: EPA-EFE/FRIEDEMANN VOGEL

Иако во последните неколку недели постојано се шпекулираше со трансфер на Џејдон Санчо во Манчестер јунајтед, на крајот до такво нешто не дојде, барем не во овој преоден рок.

Играта на нерви ја доби Борусија Дортмунд која за да пресече му одреди рок на англискиот тим до 10 август да седне на преговори, а откако не се случи такво нешто, Санчо ги започна подготовките за новата сезона во Бундеслигата. И самиот тренер на „милоионерите“ е задоволен што Санчо ќе остане во тимот, додека англискиот репрезентативец конечно проговори за нереализираниот трансфер.

– Се обидувам да не ги следам медиумите бидејќи тоа може да влијае на самите играчи. За мене и најважно да не обрнувам внимание на таквите работи и да се фокусирам на своите игри на теренот. Сакам да бидам подобар секој ден, најважно ми е да ја задржам насмевката и да бидам среќен – изјави Санчо за англиските медиуми.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот