Санчо е блиску до трансфер во Манчестер јунајтед!?

фото: твитер

Реализацијата околу трансферот на Џејдон Санчо од Борусија Дортмунд во Манчестер јунајтед е при крај. Иако се чинеше дека договорот е далеку, поради инсистирањето на Германците да не ја спуштат цената под 120 милиони евра, работите одат кон враќање на англискиот репрезентативец во неговата татковина.

Санчо се договорил за личните услови со Јунајтед каде би требало да има неделна плата од 250.000 фунти, што би го направило втор најплатен играч во тимот од „Олд Трафорд“. Само Давид де Геа би заработил повеќе (350.000), додека Пол Погба би добил иста сума како Санчо.

Манчестер до Борусија Дортмунд испрати понуда од 90 милиони фунти, плус 19 милиони како бонуси, кои се директно поврзани со перформансите кои Санчо би ги имал во новиот клуб. Се верува дека Германците на крајот ќе попуштат, бидејќи и 20-годишниот Англичанец изрази желба да се врати дома.

Зад себе има одлична сезона во која постигна 17 голови за „милионерите“ и имаше 16 асистенции во Бундеслигата. И менаџерот Оле Гунар Солскјер инсистира на обезбедување на потписот на Санчо, кој би се борел за место во нападот со Маркус Решфорд, Антонио Марсијал и Мејсон Гринвуд.

Во текот на летото, Дони ван де Бек од Ајакс стана нов член на „црвените ѓаволи“ за 40 милиони фунти. Желба на Јунајтед е и левиот бек Серхио Регилон од Реал Мадрид, кој го импресионираше Солскјер во полуфиналето од Лига Европа. Тој играше против Манчестер како позајмен играч на Севиља кој бара 30 милиони фунти за неговиот играч.

Конечна одлука: Санчо останува во Борусија Дортмунд!

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот