Санчез го однесе Чиле во четвртфиналето (ВИДЕО) – Слободен печат
СпортФудбал

Санчез го однесе Чиле во четвртфиналето (ВИДЕО)

Репрезентацијата на Чиле се пласираше меѓу осумте најдобри на Копа Америка откако го совладаа Едвадор со 2:1.

Селекцијата на Чиле обезбеди пласман во четвртфиналето на Копа Америка откако во второто коло од групата Ц го совлада Еквадор со 2:1.

Чилеанците одлично го започнаа натпреварот, уште во 8. минута преку Хозе Фуензалида го отворија резултатот, До крајот на полувремето, Еквадор успеа преку Енер Валенсија и прцизно изведениот пенал да израмни на 1:1.


Дилемите околу победникот ги реши фудбалерот на Манчестер јунајтед, Алексис Санчез со голот во 51. Минута. Ова беше втор гол на Санчез на вториот натпревар на Копа Америка, а исто толку голови постигна и во дресот на Манчестер јунајтед во текот на целата сезона.

– Ја сакам мојата земја и среќен сум кога играм за Чиле – изјави Санчез по натреварот.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Слободен Печат значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени на сајтот.

Тагови

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Close