Санчез: Се ближи почетокот на смирување на епидемијата во Шпанија

Новите податоци во однос на коронавирусот во Шпанија се охрабрувачки и државата се приближува кон почетокот на смирување на епидемијата, изјави денеска шпанскиот премиер Педро Санчез.

– Пожарот почнува да се става под контрола, изјави Санчез во Парламентот пред гласањето за продолжување на вонредната состојба за уште две седмици.

Вонредната состојба треба да трае до 26 април.

Санчез рече дека враќањето во нормала ќе се изврши постепено и многу внимателно, пренесува „Ел Паис”.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот