Санчез наместо на терен, „забива“ кај плејбој модел

EPA-EFE/PETER POWELL

Одредени англиски, шпански и португалски медиуми објавија изјави на плејбој моделот Мирта Соса, која во минатото му се „нудеше“ на Кристијано Роналдо, дека била на „врска“ со Санчез.

– Му го дадов својот телефонски број и потоа ми звонеше 24 часа на ден. Често си разменувавме видеоповици и паднав на неговите лаги. Ми праќаше авионски карти за да дојдам кај него во Англија, но не сакав да се кријам. Сакав да нè видат заедно во јавност – изјави Мирта Соса.

Веднаш откако манекенката се појави во јавноста со оваа изјава, се јави и адвокатот на Алексис Санчез кој демантира какво било „дружење“ на фудбалерот со манекенката.
„Алексис ниту ја познава дотичната девојка ниту со неа на кој било начин комуницирал“ стои во соопштението на адвокатот на Санчез.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот