Санчез го уверил Заев дека до крајот на јануари Шпанија ќе го ратификува Протоколот за НАТО

Фото: МИА

Премиерот Зоран Заев денеска изјави дека од неговото шпански колега Педро Санчез добил уверување оти Парламентот на Шпанија до крајот на јануари ќе го ратификува Протоколот за членство на земјава во НАТО.

Заев нагласи дека Санчез го информирал оти на почетокот на јануари ќе формира Влада, по што неговиот владин Кабинет до Парламентот ќе го достави предлогот за ратификација на Протоколот и тој ќе го ратификува документот до крајот на месецот.

– Нема ништо спорно, нема никаков дел кој е суштествен. Се работи само за технички аспект на ратификацијата, изјави Заев на дебатата „Патот до членството во НАТО: Од изолирана до интегрирана земја” на Филозофскиот факултет во Скопје.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот