Санчез го ограби Јунајтед, и на заминување му зеде речиси 10 милиони евра

EPA-EFE/PETER POWELL

Алексис Санчез засега е победник на преодниот рок, успеа да го истера своето, да не се врати во Манчестер јунајтед, а притоа и да го ограби англискиот тим.

Освен тоа што за престојот во Манчестер, статистичарите пресметаа дека секој допир со топката го наплати 32.000 евра, сега и на заминување од клубот си заработи. Чилеанскиот репрезентативец зеде оштета од 10 милиони евра за предвремен раскин на договорот.

Иако се откажа од огромна сума на пари, Санчез потпиша тригодишен договор со Интер и ќе заработува осум милиони евра годишно вклучувајќи ги и бонусите, само за да биде во можност да игра редовно.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот