Санадер попладнево спроведен во затворот „Реметинец“

фото: EPA-EFE/ANTONIO BAT

Поранешниот хрватски премиер попладнево со полициска придружба е однесен во затворот Реметинец, каде треба да отслужи 6 годишна казна затвор за случајот ,,Планинска” , за кој беше осуден на 4,5 години затвор, а со одлука на Врховниот суд, казната му е зголемена на 6 години.

Попладнево од судот во Загреб потврдија дека во 16 часот е издаден налог за приведување на Санадер. Во 17.30 часот, поранешниот премиер беше однесен од неговиот дом во затворот Реметинец.

,,Нема докази. Ова е смешно, пресудата требаше да падне. Ова е уште една претстава. Тука се моите адвокати, ако дојдат по мене, јас заминувам. Подготвен сум на се. Ќе ја докажам својата невиност”, изјави Санадер пред својата куќа.

Додека ја очекуваа полицијата за да го приведе поранешниот хрватски премиер, неговата сопруга со телефон ги снимаше насобраните новинари.

Санадер, со решението на Врховниот суд, освен затворската казна, треба да врати и 15 милиони куни (2 милиона евра).

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот