Санација на детските игралишта во Карпош

Се санираат детските игралишта во населбите Карпош 3 и Карпош 4. Овие населби се со најголем број на зони за рекреација на најмладите и локалната самоуправа во повеќе наврати ги санира лулашките, тобоганите, клацкалките и другите реквизити, соопштија од општина Карпош.

Во меѓувреме, поставени се целосно нови реквизити на детското игралиште во Карпош 4, на ул. „Никола Парапунов“.

Општината работи и на нови детски игралишта во Криви Дол и во Злокуќани, со цел и овие места да добијат простор каде што децата заедно со своите родители и блиски ќе го поминуваат слободното време.

Од општината апелираат до сите граѓани, да не ја уништуваат урбаната опрема и да водат сметка за заштита на околниот простор и животната средина

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот