Сања и Петар пиеле, пееле во кафана и пренесувале во живо, а наутро тој и испукал два куршуми во гради (ВИДЕО) – Слободен печат
ВестиРегион

Сања и Петар пиеле, пееле во кафана и пренесувале во живо, а наутро тој и испукал два куршуми во гради (ВИДЕО)

Според првичните информации од истрагата Петар и Сања претходната ноќ ја минале многу весело во блиските угостителски објекти.

Со истрели од ловечка пушка Петар Ж. (73) од Свилеува, Србија во неделата наутро ја усмртил Сања Јанковиќ (42) од Ваљево. Убиството се случило околу 8 часот во неговата куќа во Свилеува, каде инаку живеел сам, а Сања со која бил во вонбрачна заедница, повремено престојувала таму.

Според првичните информации од истрагата Петар и Сања претходната ноќ ја минале многу весело во блиските угостителски објекти.

Кога се вратиле Петар во неговата куќа, во спалната соба испукал два истрела во градите на Сања, по што ја ставил покрај ѕид пушката во претсобјето и отишол на чешмата пред куќа да ги измие рацете.

Комшиите шпекулираат дека убиството е извршено од љубомора.

-Петар живеел сам по смртта на сопругата и од кога ќерките си заминаа. Има барем десет години како Сања повремено поминува кај него. Не беа венчани, а во селото често се збореше за таа врска со оглед на големата разлика во години, говорат мештаните на Свилеува.

-Сања беше млада, а Петар свесен за своите години, љубоморен. Се случувало и претходно да се караат, правеа циркус по селото. Којзнае можеби мислел дека таа го мами со друг или дека го искористува само за пари. Можно и да сакала да го остави, а тој да не можел да поднесе, додаваат комшиите.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Слободен Печат значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени на сајтот.

Тагови

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Close