Сан Франциско е првиот град кој забранува продажба на ЕЛЕКТРОНСКИ ЦИГАРИ – Слободен печат
ВестиПланета

Сан Франциско е првиот град кој забранува продажба на ЕЛЕКТРОНСКИ ЦИГАРИ

Критичарите велат дека се потребни повеќе научни истражувања за влијанието на електронските цигари на здравјето.

Сан Франциско стана првиот американски град кој забрани продажба на електронски цигари, а забраната би траела сè додека нивните ефекти на здравјето не бидат појасни.

Властите гласале за забрана за работа на продавниците кои продаваат вакви цигари, па незаконски е трговците да ги продаваат или да ги доставуваат на адреса.

Сан Франциско е дом на компанијата „Juul Labs“, најпопуларниот производител на електронски цигари во САД. Компанијата се огласила со соопштение дека овој потег ќе ги натера пушачите да се вратат на традиционалните цигари и дека ќе се создаде црн пазар.

Заговорниците на новиот закон тврдат дека компаниите намерно ги таргетираат младите луѓе нудејќи им производи со вкусови. Според американските центри за контрола и превенција на болести, бројот на американски тинејџери кои признале дека користат никотински производи минатата година пораснал за околу 36%, што е припишано токму на употребата на електронски цигари.

Критичарите велат дека се потребни повеќе научни истражувања за влијанието на електронските цигари на здравјето.

Законот ќе почне да се применува седум месеци откако ќе го потпише и градоначалничката Лондон Брид, која има 10 дена да го потпише законот и најавила дека ќе го направи тоа.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Слободен Печат значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени на сајтот.

Тагови

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Close