Сан Антонио се избори за мајсторка (ВИДЕО)

EPA-EFE/LARRY W. SMITH

Сан Антонио спарс успеа да се избори за седми одлучувачки натпревар против Денвер нагетс, откако во шестиот меч од плејофот серијата триумфираше со 120:103.

На Денвер не му помогна ниту фантастичната партија на Никола Јокиќ кој постигна дури 43 поени и имаше 12 скокови. Во редовите на Сан Антонио, одличен натпревар одиграа Ламаркус Олдриџ со 26 поени и 10 скокови и Демар Дерозан кој постигна 25 поени.

Последниот седми натпревар се игра утревечер во Денвер, а победникот од тој натпревар, во полуфиналето на Западната конференција ќе игра против Портланд. Портланд во првата рунда од плејофот со 4:1 во победи беше поуспешен од Оклахома сити.

Во второто полуфинале на Западот, Хјустон рокетс го чека подобриот од серијата помеѓу Голден стејт и ЛА Клиперс во која водат „воините“ со 3:2 во победи.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот