Сан Антонио поуспешни од Денвер (ВИДЕО) – Слободен печат
КошаркаСпорт

Сан Антонио поуспешни од Денвер (ВИДЕО)

Бранителот на титулата наплати со камата за поразот во првиот натпревар против ЛА Клиперс.

Кошаркарите на Сан Антонио го совладаа тимот на Денвер Нагетс во третиот меч од четвртфиналната плејоф серија на Западната конференција и тоа со резултат од 118:108.

Резултат вкупно изнесува сега 2:1 и предноста на домашниот терен и понатаму ја има Сан Антонио.

Сан Антонио подобро го отвори мечот, а треба да се напомене дека констатно играа подобра одбрана, имаа дури 16 офанзивни скокови и многу поени. Дерик Вајт го одигра својот најдобар натпревар во кариерата постигнувајќи 36 поени за Сан Антонио, додека Демар Дерозан, прво име кај Денвер беше Никола Јокиќ со 22 поени.

Голден Стејт му наплати со камата за поразот од ЛА Клиперс во првиот натпревар победувајќи со 132:105 во вториот натпревар. Кевин Дурант беше незапирлив за противничките кошаркари пстигнувајќи 38 поени, додека Стеф Кари уфрли 21 поен.

Убедлив настап имаше и Филаделфија која со 131:115 го совлада Бруклин и поведе со 2:1 во серијата до четири победи. Најзаслужен за победата беше Бен Симонс со 31 поен и девет асистенции.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Слободен Печат значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени на сајтот.

Тагови

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Close