Самуел Ето осуден на 22 месеци затвор

Самуел Ето/фото: EPA/EXPA / JFK

Поранешниот фудбалер на Мајорка, Реал Мадрид и Барселона и на камерунската репрезентација, Самуел Ето, е прогласен за виновен за затајување данок во Шпанија и е осуден на 22 месеци затвор.

Сепак, актуелниот претседател на Фудбалската федерација на Камерун нема да оди во затвор бидејќи според законите, сите казни помали од 24 месеци или две години не се издржуваат зад решетки.

Ето призна на судењето дека избегнал да плати данок во висина од 3,8 милиони евра.

– Ги признавам фактите изнесени од обвинителот и ќе си го платам долгот, но сакам да нагласам дека во тоа време бев само дете и дека тогаш го правев само она што мојот агент Хозе Марија Маселес, ми рече да работам – изјави Ето.

Покрај оваа казна, Ето доби и условна казна од една и пол година.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот