Самсоненко останува во Вардар

EPA-EFE/SASCHA STEINBACH

Целата приказна околу неизвесната иднина на Вардар и евентуалното згаснување на клубот беше само приказна во последните два месеци.

Сопственикот на Вардар, Сергеј Самсоненко и во иднина ќе биде на чело на клубот, најверојатно потпомогнат од неколку македонски бизнисмени предводени од Михајло Михајловски, поранешниот претседател на Вардар, а веќе имал и разговори со претставници од Владата.

Иако Самсоненко не зборува за плановите, него го „откри“ Сташ Скубе во разговор со словенечкиот весник „Дело“.
Скубе открива дека Самсоненко уште во април им открил на ракометарите дека ќе остане во Вардар и наредната сезона, а исто така им подмирил огромен дел од долговите на ракометарите.

– Последните информации се, кои сега може и да ги откриеме, дека во клубот останува Сергеј, дека многу играчи остануваат. Пред фајнал фор турнирот во Келн, ни беа исплатени голем дел од долговите и ни вети дека ќе остане во Вардар, успеал да се договори со Владата. Проектот наречен Вардар продолжува, иако има уште мали долгови, ветено ни е дека оваа недела би ни биле исплатени сите долгови, а од 1 септември клубот ќе влезе без никакви долгови. Сè се одвива според планот – вели Скубе во разговор за „Дело“.

Словенецот вели дека Сергеј Самсоненко постојано бил покрај ракометарите.
– Беше тешко но сите верувавме дека ќе се среди работата. Имаме доверба во Сергеј и на крајот тој не не разочара, не ни го сврте грбот. Беше со нас во Келн, ни даде голема поддршка и по победата ни вети големи премии. Приказната за Сергеј и за Вардар продолжува – потенцира Скубе кој и во следната сезона ќе го носи дресот на Вардар.

Тренерот Роберто Гарсија Парондо, најверојатно, си заминува од Вардар, а како еден од главните фаворити за негов наследник е поранешниот словенечки репрезентативец, а сега помошник во репрезентацијата и на Кјелце, Урош Зорман.

– Роберто е фантастичен тренер но ја прифати понудата на Египет да биде селектор. Доколку и дефинитивно си замине од Вардар, Парондо не би сакал негов наследник да биде тренер од Балканот или од Скандинавија, тој смета дека е најдобро да се задржи сегашниот систем на игра, шпанскиот. Шпанскиот систем не е непознаница за Урош Зорман. Тој 15 години беше дел од овој систем и го знае ракометот во малиот прст. Знам дека би сакал да започне самостојна тренерска кариера и мислам дека Вардар би бил идеален тим за него. Ракометарите на Вардар го почитуваат и сигурно топло ќе го пречекаат. Се надевам дека ќе успее да се договори – додава Скубе.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот