Самсоненко негодува дека сакаат да му го земат хотелот – Слободен печат
ВестиВи ПрепорачувамеМакедонија

Самсоненко негодува дека сакаат да му го земат хотелот

Поранешен близок соработник на рускиот бизнисмен со фалсификати се обидувал да му го земе хотелот на плоштад, обвинува Самсоненко.

Рускиот бизнисмен и почесен конзул, Сергеј Самсоненко, обвинува дека со фалсификат и уцени сакале да му го земат хотелот на плоштад, објави Телма. Таква зделка тврди дека правеле негов поранешен близок соработник, заедно со сопственик на фирма, во обид да му земат речиси два милиони евра, откако издејствувале фирмата да отиде во стечај заедно со имотот на плоштадот во Скопје.

Сè почнува во 2016 година, кога Самсоненко ја стартува изградбата на хотелот и ангажира фирма како изведувач на системот на вентилација и греење, фирма со која и претходно соработувал.

Според првичниот договор, ако не се платат обврските или прекине изведувањето, надлежен бил Граѓанскиот суд. Адвокатскиот тим на Самосоненко, вели дека заостанување на долговите имало, но пречките биле надминати и долговите израмнети. Но, според нив првите луѓе на ангажираната фирма направиле фалсификат договор со фалсификувани печати според кој надлежен за спор повеќе не е суд, туку извршител. Договорот бил заверен во нотарска канцеларија, но Самсоненко тврди дека не присуствувал, кога бил проценет долг на 119 милиони денари. Судот одлучил фирмата да оди во стечај, заедно со хотелот. Адвокатите на Самсоненко имаат сомнеж дека се работи за организирана шема.

Случајот од страна на Самсоненко е пријавен во МВР и во Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Слободен Печат значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени на сајтот.

Тагови

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Close