Сампрас: Новак ќе освои повеќе грен слем титули од Рафа и Рожер (ВИДЕО)

Легендарниот американски тенисер, Пит Сампрас, изјави дека верува во Новак Ѓоковиќ кој има најголеми шанси од членовите на „големата тројка“ кариерата да ја заврши како рекордер по бројот на освоени грен слем титули.

Ѓоковиќ моментно е на бројката од 17 титули на грен слем турнирите, додека пред него се само Рожер Федерер со 20 и Рафаел Надал со 19 титули од најголемите тениски турнири, а Пит Сампрас се наоѓа на четвртото место со 14. трофеи. Токму поради бројки, во последно време се води голема полемика за тоа кој е најдобриот тенисер на сите времиња и колку грен слем титули ќе освојат Ѓоковиќ, Надал и Федерер.

– Новак и Рафа се помлади од Рожер за кого а никој не знае уште колку долго планира да игра. Доколку Новак игра уште пет години како и Рафа Надал, и двајцата лесно ќе ја поминат границата од 20 грен слем трофеи – изјави Сампрас во разговорот со поранешниот британски тенисер, Тим Хенман.

Фаворит на Британецот во трката во највеќе грен слем титули е токму Ѓоковиќ.
– Се согласувам дека Рафа и Новак имаат предност пред Рожер бидејќи се помлади. Но, Надал имаше далеку повеќе проблеми со повредите. Додека кога ќе ја погледнете градбата на Новак, годините и колку е доминантен, тешко е да го победите во пет сета. Морам да го издвојам Ѓоковиќ – истакна Хенман.


Неговото мислење го дели и Сампрас.
– Тој победува секаде, со респект кон Рожер и Рафа, доколку Новак остане физички и ментално подготвен во наредните две-три години, може да го направи тоа – заклучи Сампрас.

Ѓоковиќ има шанса да дојде до 18. грен слем трофеј на УС Опен, а по победата над Дамир Џумхур, нареден протвник ќе му биде Британецот Кајл Едмунд. Надал и Федерер не играат во Њујорк, Швајцарецот ја заврши сезоната поради двојната операција на коленото, додека Шпанецот поради страв од коронавирусот остана во Европа да се подготвува за Ролан Гарос кој стартува на 27. септември.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот