Самостојно издание „Инсанус“ на Кире Мирчовски: Музички збир на чувства и емоции

Љубителите на цврстиот гитарски звук со задоволство ќе го преслушаат албумот „Инсанус“ (Insanus) на младиот гитарски талент Кире Мирчовски. Станува збор за самостојно издание, кое содржи пет инструментални нумери зад чие авторство и изведба се потпишува Мирчовски, на две нумери има аранжманска поддршка од Дамир Пух, додека на нумерата „Петрихор“ со вокал и лирика се појавува пејачката Мијата. Албумот е снимен, миксан и мастериран од Дамир Пух. Дизајнот на насловната корица е на Даниел Ѓурчиновски.

Албумот „Инсанус“ е резултат на јасната цел и визија за создавање, креирање и пишување музика

– За „Инсанус“ се подготвував од моментот кога првпат фатив гитара в рака. Албумот е резултат на јасната цел и визија за создавање, креирање и пишување музика. Резултат на желбата за создавање свои дела со кои ќе се претставам на светот околу мене како музичар, автор, гитарист. „Инсанус“ е збир на чувства и емоции кои со зборови, можеби, никогаш не би ги изговорил. „Инсанус“ е мојот гнев кон системот на државата, политиката, лицемерието, користа и вештачките насмевки.

За „Инсанус“ се подготвував од моментот кога првпат фатив гитара в рака

„Инсанус“ е љубов кон природата, планината, животните. „Инсанус“ претставува дете на асфалтот, крал на џунглата. Тенката линија помеѓу црното и белото. Спиењето по два-три часа на ден и енергијата за движење. „Инсанус“ е мојот начин на живот. Албумот го работев во студио година и неколку месеци. Ми даде голем мотив и желба за уште повеќе работа, спремање, вежбање и снимање нов материјал – открива Кире Мирчовски за „Културен печат“.

(Текстот е објавен во „Културен печат“ број 71, во печатеното издание на „Слободен печат“ на 6-7 март 2021)

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот