Самостојниот синдикат за здравство со финансиска поддршка за обезбедување маски за ЈЗУ

Самостојниот синдикат за здравство, фармација и социјална заштита преку соопштение апелира до менаџерските тимови на сите јавни здравствени установи во државата во оваа вонредна состојба за максимално придржување и спроведување на мерките за заштита од коронавирусот, особено за оние здравствени работници и вработени кои се во директен контакт и непосредна близина со пациентите.

Од Синдикатот посочуваат дека ќе преземат и активно учество со финансиска поддршка во обезбедување на заштитни маски, во кои еден дел би биле и пософистицирани маски за директно изложените, кои ќе бидат испратени до менаџерските тимови во јавните здравствени установи во одредена количина од наредната недела.

Здравствените работници, истакнуваат од Синдикатот, им се потребни на граѓаните повеќе од било кога досега во борбата за заштита на јавното здравје.

Прочитајте и...  Угриноска назначена за претседавач на Комитет за млади при Совет на Европа

Во новонастанатата ситуација, свесни сме за ризикот и изложеноста на вирусот на нашите вработени во здравствената дејност. Ја поздравуваме активноста на Министерството за здравство во делот на превземените мерки, а посебно ангажманот на министерот за здравство Венко Филипче, додаваат од Самостојниот синдикат за здравство, фармација и социјална заштита.

Прочитај повеќе

Во Африка 2.650 луѓе инфицирани со Ковид-19

МИА Агенција

Во Црне Гора вкупно 84 лица инфицирани со Ковид-19

МИА Агенција

Денеска сончево со умерена облачност

Горан Наумовски

Три нови случаи со Ковид-19 вчера во Косово, вкупно 91 заразен

Досега во земјава се регистрирани 241 лице заболени од Ковид-19

Обвинителството ја истражува смртта на стружанката, која почина од Ковид-19

Остави Коментар

Прочитај повеќе

Најнова мапа на заразени со коронавирус: 142 лица се од Скопје, 29 од Карпош

Мирослава Бурнс

Го откриваат присуството на вирусот за неколку минути: Овие земји развија брзи тестови за корона

Слободен печат

Актерката Ана Костовска од државниот карантин: Ова е за мене потврда дека можам да верувам на планот на одговорните во градов и државава

Слободен печат

Основното јавно обвинителство Охрид ќе ја истражува смртта на жената од Струга

Слободен печат

Само еден пациент позитивен на коронавирус се лекува во болницата „8 Септември“

Слободен печат

Уште двајца заразени во Црна Гора, вкупно 84 лица позитивни на коронавирус

Слободен печат