Самостојниот синдикат за здравство најостро ги осудува нападите врз докторите

Лекари / Фото: МИА

Самостојниот синдикат за здравство, фармација и социјална заштита денеска преку соопштение ги осуди нападите на докторите, медицинските сестри и другите вработени во здравствените установи. Бараат од надлежните поголема заштита и заострување на казнената политика на секој оној што ќе се обиде вербално или физички да нападне вработен во здравствена установа.

– Најостро ги осудуваме нападите на докторите, медицинските сестри и останатите вработени во здравствените установи што деновиве зачести и по Клиничката болница во Тетово, имаме нов немил настан во Универзитетската клиника по хируршки болести „Св.Наум Охридски” – Скопје, се вели во соопштението.

Вработените во здравствените установи, како што се наведува, извршуваат една од најхуманите професии, спасувајќи човечки животи и никако не смееме да дозволиме нивните животи да бидат изложени на опасност.

Од Синдикатот напоменуваат дека напад на вработен во здравствена установа е напад на службено лице, единствено овластено за вршење здравствена дејност. Бараат од надлежните поголема заштита и заострување на казнената политика на секој оној што ќе се обиде вербално или физички да нападне вработен во здравствена установа.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот