Самоопределување очекува договор за коалиција со Демократска лига за Косово до понеделник

После објаувавњето на конечните резултати од изборите во Косово, реагираше партијата Самоопределување која освои најголем број на гласови.

Преку објава на фејсбук, тие истакнаа дека очекуваат до понеделник да се постигне договор за коалиција со Демократската Лига на Косово.

„Овие избори ги одбележа борбата помеѓу кандидатите за нов премиер. Оваа борба ја доби Албин Курти. Во април 2017, Албин Курти имаше 143.621 гласа, додека овој пат има 183.952 гласа, претворајќи се во најгласаниот политичар во Косово, од моментот кога се гласа со отворени листи. Идната влада на Самоопределување и Демократската Лига за Косово го има потребното мнозинство во парламентот. Идниот понеделник треба да се постигне договор за формирање на коалиција. Народот во Косово очекува да почнеме со работа“, пишува во објавата на Самоопределување.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот