Самоопределување обвинува: Едностраните заложби на нелегитимниот премиер

Вашингтон, САД / 4 септември 2020 / Фото: EPA-EFE/ANNA MONEYMAKER / POOL

Косово му ја отвори вратата на Белата куќа на претседателот на Србија

Само неколку минути пред почетокот на седницата на која премиерот на Косово, Авдула Хоти, ќе поднесе извештај пред пратениците на Собранието на Косово во врска со економскиот договор во Вашингтон меѓу Косово и Србија, партијата на Албин Кутри ја оспорува легитимноста на договорот.

„На сред Америка, во земјата која беше главен поддржувач на ослободувањето и независноста на Косово, делегацијата на оваа нелегитимна влада на Косово за прв пат му ја отвори вратата на Белата куќа на претседателот на Србија.

Ова не се случило порано. Историски договор, конечно признавање од Србија, рече нелегитимниот премиер. Во меѓувреме, не само вратата, се отвори ново поглавје за Србија благодарение на оваа нелегитимна и покорна влада.

Исто така, нашиот сојузник и постојан партнер САД побара од нас да и дадеме нешто на Србија.

Порано ова беше незамисливо. Србија бараше Јадранско пристаниште, го доби. Побараа финансии, ги доби, побара пренасочување на пругата кон Мердаре, доби, побара минишенген, доби.

Никаде не беше споменато заемното признавање од нелегитимната влада. Никаде ги нема проблемите на Албанците во Прешево, Медвеѓа и Бујановац. Никаде злосторства и штети за време на војната.

Долгот на Србија кон нас беше заборавен. Само минишенген, железници, автопатишта и пристаништа за српската економија да ни ги намали дури и оние неколку економски можности што ги имаме како Албанци да го зголемиме производството преку границата. На земјата и треба одговорна и легитимна влада, како онаа на Курти кој и ја кажува вистината на Србија, и дава идеја за напредок.

Наместо Маршаловиот план за Србија, на регионот му треба Маршалов план за развој на сите земји кои се или одделни или неразвиени особено заради уништувањето, грабежот, угнетувањето што ги практикуваше Србија.

Премиерот Курти го претстави овој план на тркалезна маса со меѓународни претставници каде што беше присутна и Србија за што сите покажаа интерес.

Но, со шверц на илегална власт и во согласност со барањата на Србија сè се смени. Во крајна линија овие зделки се лични на еден нелегитимен премиер и како такви нема да бидат разгледани од новата влада што ќе дојде многу скоро, после новите демократски избори.“ се вели во видеото кое на интернет се споделува со молскавична брзина.

Иако лидерот на Самоопределување Албин Курти и претседателот на Косово, Хашим Тачи имаат дијаметрално различни политички ставови, вчера Тачи објави соопштение дека Хоти треба да се спречи да преговара „за внатрешни работи на Косово и за теми кои го загрозуваат внатрешниот поредок на државата“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот