Самоопределување ќе го смени Статутот за да му овозможи на Курти да биде и премиер и лидер на партијата

Албин Курти ќе раководи и со Движењето Самоопределување и со Владата, после именувањето како нов премиер на Косово. Такво нешто, Статутот на партијата не му го дозволува, но спред КТВ, членот кој му забранува на Курти да ги обави двете должности ќе биде сменет.

Во членот 73 од Статутот на Самоопределување се вели:

“Ако претседателот на Движењето Самоопределување биде избран за премиер, тој треба да поднесе оставка од позицијата на претседател на Самоопределување“. Во врска со промената што треба да се направи во Статутот, КТВ, веќе две недели се обидува да добие одговор од Движењето Самоопределување, но досега нема добиено никаков одговор.

Инаку денеска немаше средба меѓу претставниците на Движењето Самоопределување и Демократската Лига на Косово за формирање на новата влада. Разговорите веќе траат извесен период, но никако да се дојде до договор. Позицијата на Претседател на државата е точката што ги дели двете страни.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот