Самоопределување ја обвини косовската Влада за неспособност на почетокот на учебната година

epa08667719 Elementary school students wearing face masks keep their distance on the first day of school in Pristina, Kosovo, 14 September 2020. The government of Kosovo postpone the start of the school year for two weeks due to the current state with the COVID-19 pandemic. Kosovo schools reopened on 14 September for the first time since March 2020 when the COVID-19 Coronavirus crisis started. EPA-EFE/VALDRIN XHEMAJ

Најголемата косовска опозициска партија Движење самоопределување (ВВ) ја обвини Владата за неспособност на почетокот на учебната година и најави интерпелација за министерот за образование и наука Рам Ликај, јави дописникот на МИА од Приштина.

Според партијата на доскорешниот премиер Албин Курти, на Владата на Авдулах Хоти не ѝ е приоритет образованието и таа само предизвика збунетост и конфузија кај учениците, наставниците и родителите.

Пратеникот од редовите на ВВ, Фитим Ука на денешната прес-конференција изјави дека Владата во сите овие месеци што ги имаше на располагање не стори ништо за успешно започнување на новата учебна година.

– Првиот и најзначаен сигнал кој покажува дека на оваа влада не ѝ е приоритет образованието е кртењето на буџетот, и тоа во време на пандемија, кога во овој сектор се потребни дополнителни инвестиции, изјави Ука.

За одлуката за поднесување интерпелацијата за министерот Ликај, според Ука, ќе се расправа на денешната седница на претседателството на ВВ.

Учебната година во Косово започна денеска, а Владата објави дека се преземени сите мерки за што поголема заштита од пандемијата на Ковид-19 на сите учесници во образовниот процес.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот