Самоизолацијата на населението веројатно спаси 59.000 животи во 11 европски земји

Фото: Unsplash

Се работи за теоретски модели засновани на претпоставката дека некоја мерка има споредлив ефект во 11-те европски земји кои биле опфатени со истражувањето, објаснуваат научниците

Изолацијата и другите преземени мерки за да се спречи ширењето на епидемијата на Ковид-19 спасија животи на 59.000 луѓе во 11 европски земји, повеќето од нив во Италија – 38.000, тврдат британски научници.

– Благодарение на мерките преземени до крајот на март, проценуваме дека е спречена смртта на 59.000 луѓе во 11 држави до 31 март, се вели во студија спроведена од научници од Империал колеџ во Лондон, реномиран универзитет во областа на медицината.

Научниците, експерти за епидемиологија и математика, изработиле модел на динамиката на ширењето на епидемијата во Европа и го процениле забавувањето на заразата со САРС-КоВ-2 благодарение на различните мерки преземени во набљудуваните земји на различни датуми.

Се работи за теоретски модели засновани на претпоставката дека некоја мерка има споредлив ефект во 11-те европски земји кои биле опфатени со истражувањето, објаснуваат научниците

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот