Самохраниот татко Фати Куртиши од МТСП бара детските додатоци да не ги сметаат за социјална помош

Самохраниот татко на три малолетни деца од Скопје, Фати Куртиши, за кој пишуваше „Слободен печат“, се уште е во лавиринтот на социјалната правда. Иако пред само два дена, по добиен одговор од Центарот за социјални работи, известивме дека социјалната помош на Куртиши која во моментов изнесува 5.200 денари ќе биде зголемена на 9.500 денари, самиот Куртиши потврдува дека не станува збор за зголемување на социјалната помош. Имено, иако се одобрени дополнителните финансиски по основ на детски, образовен и додаток за електрична енергија, висината на неговата социјална помош се уште изнесува 5.200 денари.

Фати Куртиши и понатаму останува на ставот дека социјалната помош треба да биде зголемена, и бара од Центарот за социјални работи да не манипулира со јавноста, на начин што парите за детски додаток ги прикажува како зголемување на сумата од 5.200 денари.

ПО РЕАКЦИЈАТА НА „СЛОБОДЕН ПЕЧАТ“: Зголемена социјалната помош на скопјанецот Куртиши, самохран татко на три деца (ВИДЕО)

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот