САМО ЗА ЗДРАВИ ЛИЧНОСТИ: Строга данска диета со која брзо ќе ги симнете вишокот килограми

Фото: Профимедиа

Се работи за таканаречената „болничка диета“ која е многу рестриктивна, но ако се почитува, дава видливи резултати.

Исто така, многу е важно да се нагласи дека оваа диета е наменета само за здрави личности и дека оние кои имаат и најмало нарушување на здравјето, не смеат да ја почнуваат.

Потребно е стрикно држење до дневното мени со максимум 600 калории на ден. Не се препорачува на оние кои работат физички работи, ниту пак кои имаат заслабнат имунитет.

Прв ден

Појадок: Црно кафе со малку шеќер
Ручек: Варен спанаќ, две варени јајца и еден домат
Вечера: Шницла од 230 гр и зелена салата

Втор ден

Појадок: Црно кафе и малку шеќер
Ручек: Две парчиња шунка и 200 мл јогурт
Вечера: Иста како првиот ден

Трет ден

Појадок: Црно кафе и малку шеќер
Ручек: Две тврдо варени јајца, парче шунка и зелена салата
Вечера: Целер, домат и парче овошје по избор

Четврт ден

Појадок: Кафе, коцка шеќер и парче двопек
Ручек: Еден литар свеж сок од овошја по изор
Вечера: Морков, варено јајце и парче младо сирење

Петти ден

Појадок: Два моркова прелиени со лимонов сок
Ручек: Парче варена риба (230 гр) со лимонов сок и малку путер
Вечера: Шницла од 250 гр, целер и зелена салата

Потоа го повторувате циклусот додека да навршите со 13-от ден.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот