Само за гурмани: Палачинки со млад кромид

палачинки
Фото: Unsplash

Овие празнични денови се совршени за екпериментирање со бројни вкусови. Ова попладне изненадете го целото семејетсво со прекрасни палачинки со уникатен вкус или накратко кажано – палачинки со млад кромид. Можеби на почетокот ќе се двоумите да ги пробате, но по првата дегустација со сигурност ќе бидат дел од вашето неделно мени.

СОСТОЈКИ:
– 1 шолја брашно
– 2/3 шолја вода
– 2 јајца
– лажичка сол
– лажичка црн пипер
– 3 китки млад кромид

ПОДГОТОВКА:
Од брашното, јајцата, солта, црниот пипер и водата, направете смеса, која треба да биде малку погуста од онаа за палачинки. Исечкајте ги кромитчињата, па додајте ги во тестото. Загрејте ја тавата со малку масло и излејте половина од смесата, па печете на средна температура додека се испече од едната страна, па превртете ја и печете ја од другата страна. Повторете ја постапката со остатокот од тестото

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот