Само во Замбија: Тренер пукал во воздух за да растера незадоволни навивачи

Фудбалски терен/ Илустративна фотографија/ EPA-EFE/LEGNAN KOULA

Полицијата во Замбија го истражува инцидентот во кој фудбалски тренер на крајот од натпреварот испукал осум истрели во воздух, за наводно да се одбрани од гневните навивачи по поразот на неговиот тим.

Според АП, тренерот на екипата Зеско Чипата, Есу Чало Зулу, испукал три куршуми во воздух на теренот веднаш по завршување на натпреварот, а потоа уште пет кај своето возило кое било паркирано во близина на фудбалскиот терен.

Инцидентот се случил во саботата откако неговиот тим кој се натпреварува во третата лига загубил од локалниот ривал Призн Лепардс Чипата.
АП пренесува дека полицијата соопштила оти Зулу признал дека пукал во воздух и дека тоа било во самоодбрана за да ги растера навивачите кои не го поддржуваат и се заканувале дека ќе го каменуваат неговото возило.
Фудбалската федерација на Замбија порача дека ќе го почека официјалниот извештај од полицијата за инцидентот пред да презеде било какви мерки. Полицијата исто така соопшто дека Зулу легално го поседувал пиштолот, односно имал дозвола за него.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот