Само во Русија: Патуваа 8.500 километри за да играат фудбал во снежни услови

принтскрин/твитер

Рускиот фудбал е полн со изненадувања кои од време на време ги расположува фудбалските фанови низ целиот свет, а една таква вест се случи неделава.
Една екипа патуваше дури 8.500 километри за да игра натпревар и тоа во снежни услови.
Иако е мај, во Русија тоа не значи многу и доказ за тоа е натпреварот помеѓу Сахалин и Сокол Саратов.

Имено, натпреварот од третата руска лига е игран на далечниот Сибир во екстремни услови, односно на островот Сахалин кој се наоѓа многу блиску до Јапонија. Од друга страна Саратов се наоѓа во западна Русија, во близина на Украина.  На крајот натпреварот заврши без победник 1:1.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот