САМО ВО ХРВАТСКА: Прв турнир во мал фудбал за стокилаши! Награди се печени јагниња и ќебапчиња!

Кон крајот на јуни во хрватскиот град Имотски ќе се одржи турнир во мал фудбал за лица кои имаат повеќе од 100 килограми пренесува 24сата.хр.

Наградите се пехари, две печени јагниња и 10 килограми ќебапи.

Правила на турнирот:

-Пред настапот обавезно мерење на тежината
-Можат да настапат само играчи преку 100 килограми
-Само за играчи над 30 години
-Се игра четири пати по осум минути со паузи од по пет минути за надополнување на телесната тежина (Играчите добиваат сендвичи и пиво)
-Ако губите три гола разлика се добива пенал за намалување на резултатот.
-Ако промашите пенал, бирате играч (јасно најдобриот) од противничката екипа и го испраќате надвор од игра додека не го намалите резултатот
-Јадењето и пијалокот се бесплатни за играчите
-Во нокаут фазата ако основниот дел заврши нерешено конечниот победник на мечот е тимот кој на последното мерење има најмногу килограми
-Секоја екипа мора да има оригинално име (забранети се имиња на спонзори)

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот