Само вакцинирани навивачи ќе може да има на натпреварите на СП во Катар, вакцинацијата ќе биде задолжителна и за фудбалерите?!

ФИФА доби уште еден моќен противник во реализација на идејата СП да се игра на секои две години/ фото: EPA-EFE/STEFFEN SCHMIDT

Организаторот на Светското првенство во Катар 2022 година, Катар веќе објави дека само вакцинирани навивачи ќе може да присуствуваат на стадионите идната година кога ќе се игра Мундијалот, а истото ќе се обидат да го воведат и за фудбалерите, пишува Атлетик.

Организаторот веќе разговара со Светската фудбалска федерација (ФИФА) за задолжителна вакцинација на сите фудбалери кои треба да настапат на СП идната година.

Но, ваквиот став, односно барање на организаторот, може да му донесе проблеми во вид на отсуство на одредени фудбалски ѕвезди кои одбиваат да се вакцинираат против коронавирусот, и се подготвени дури и да го пропуштат настапот на Мундијалот, што на никого не му оди во прилог.

Катарските власти објавија дека веќе вакцинирале 82 проценти од вкупниот број на жители и моменто водат интензивни разговори со ФИФА и здравствените експерти за изнаоѓање на решение кое нема да и наштети на ниту една страна за време на Мундијалот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот