Само уште две победи, и Македонија на ЕУРО 2020 во група со Италија!

Фото: ФФМ

Избраниците на селекторот Игор Ангеловски како што и најави посакува во победничка атмосфера и се искористат ноемвриските дуели како подготовка за она што ги очекува кон крајот на март 2020 година. Потсетување дека нашата А селекција го освои првото место во групата 4 од Лигата „Д“ и на тој начин си обезбеди плеј-оф каде што се потребни уште две победи до пласман на првото историско ЕП за нас.

Како што е најавено во полуфиналето на домашен терен на 26 март 2020 ќе играме против Косово, а истиот ден Грузија-Белорусија. Финалето за тој „билет“ за ЕП ќе се игра на 31. март.

Доволно време нашите најдобри фудбалери да го анализираат досега направеното, каде да се поправи, а на селекторот и стручниот штаб ќе останува на кои ќе играчи ќе смеетаат за мартовските дуели.

Веќе се знае кои би биле потенцијалните ривали на Македонија доколку се пласира на ЕП.

Би играла во групата А со Италија која ги заврши квалификациите со 10 максимални победи, па ривал од вториот шешир (Франција, Полска, Швајцарија, Хрватска) и од третиот шешир (Португалија, Турција, Австрија, Шведска, Чешка).

Вака изгледаат проекциите пред ждрепката за извлекување на групите за Европското првенство 2020 година која ќе се одржи на 30 ноември во Букурешт.

Група А: Италија, Франција/Полска/Швајцарија/Хрватска, Португалија/Турција/Австрија/ Шведска/Чешка, Победник во Лигата на нации „Д“

Група Б: Белгија, Данска, Русија, Финска

Група Ц: Украина, Холандија, Португалија/Турција/Австрија/Шведска/Чешка, победник во Лигата на нации „А“

Група Д: Англија, Франција/Полска/Швајцарија/Хрватска, Португалија/Турција/Австрија/ Шведска/Чешка, Победник во Лигата на нации „Ц“

Група Е: Шпанија, Франција/Полска/Швајцарија/Хрватска, Португалија/Турција/Австрија/ Шведска/Чешка, Победник во Лигата на нации „Б“

Група Ф: Германија, Франција/Полска/Швајцарија/Хрватска, Португалија/Турција/Австрија/ Шведска/Чешка, квалификант од групата Е (Унгарија, Велс, Словачка)

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот